Јувентус го одржува чекорот со Наполи, уште едно разочарување на Рома

Juventus's Federico Bernardeschi jubilates after scoring the goal (0-1) during Italian Serie A soccer match Cagliari Calcio Vs Juventus FC at Sardegna Arena stadium in Cagliari, Italy, 6 January 2018. ANSA/FABIO MURRU

Во последниот меч од 20-то коло на италијанското фудбалско првенство актуелниот шампион Јувентус како гостин го совлада Каљари со 1:0, одржувајќи го чекорот со моментално водечкиот Наполи кој со 2:0 дома ја совлада Верона, додеа Рома доживеа уште едно непријатно изненадување на својот тревник и беше поразена од Аталанта со 1:2.

Голот кој му донесе три бода на Јувентус го постигна Бернадески во 74 минута. Сега второпласираниот Јувентус повторно има бод заостанување зад Наполи кој има 51 бод. Каљари, пак, е 16-тио со 20 бодови. Верона која беше поразена со 0:2 во Неапол, па, е претпоследна 19-та со 13 бодови.

Наполи до победата против Верона на својот „Сан ПАоло“ стаса со головите на Кулибали во 65 и Каљехон во 78 минута.

Играчите на Аталанта продолжија со одличните резултати во новата година, откако пред три дена се пласираа во полуфиналето од националниот куп совладувајќи го на гостувањето Наполи со 2:1, во саботата со идентичен резултат, исто така, како гости на „Олимпико“ ја совладаа Рома.

Тимот од Бергамо поведе со 2:0 со головите на Корнелиус во 14 и Де Роно во 19 минута, но во завршницата од првото полувреме останаа без стрелецот на вториот гол. Така во вториот дел практично се играше само на половината на Аталанта, и иако Рома релативно брзо намали преку Един Џеко во 56 минута, не успаа да го избегне поразот. Аталанта со оваа победа скокна на седмото место со 30 бодови, колку има и шестата Сампдорија која беше совладана од последните Беневенто, додека Рома е петта со 39 бодови.

Беневенто, дебитантот во Серија А, кој до пред речиси еден месец немаше освоено ниту еден бод, во саботата на својот терен ја оствари втората последователна победа откако ја совлада Сампдорија со 3:2 во меч со возбудлива завршница. Гостите поведоа преку Капрари во првата минута од судиското продолжение, но домашните направија целосен пресврт со двата гола на ода во 60 и 84 минута а погоди и Брињола во првата минута од продолжението на регуларниот дел од мечот, за по три минути Ковнацки да врати малу надеж за гостите. Беневенто е сигурен патник во Серија Б, но сега има седум бодови.

Милан на својот „Сан Сиро“ со 1:0 (0:0) го совлада Кротоне со голот на Бонучи во 54 минута. Со оваа победа „миланезите“ се искачија на 11-та позиција со 28 бодови, колку што имаат од осмата Фиорентина преку деветтиот Удинезе до десеттиот Торино, додека Кротоне е 18-ти со 15 бодови.

Џенова со голот на Галабинов во 80 минута го совлада Сасуаоло. Двата клуба сега имаат по 21 бод и се на поделба на 14-то место.

Торино беше убедлив со 3:0 против Болоња. Стрелци за домашните беа Де Силвестри во 38, Нианг во 53 и Јаго Фалке во 85 минута. Торино е на средината од табелата со 28 бодови, а Болоња е две места подолу на 12-та позиција со 24 бодови.

Играч на колото е напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој постигна четири гола во гостинската победа од 5:2 (4:2) над СПАЛ. Имобиле стрелаше во 19, 26, 41 и 50 минута, а претходно Лацио во водство го доведе Алберто уште во 5 минута. Домаќините брзо изедначија во 8 минута од пенал што го реализираше Антенучи кој постигна погодок и во 30 минута. Лацио е четврто со 40 бодови, со бод помалку зад третиот Интер, додека СПАЛ е на последното место кое гарантира опстанок во Серија А – 17-ти е со 15 бодови колку што има и 18-то Кротоне.

Претходно во петокот Киево и Удинезе, како и Фиорентина и Интер ги поделија бодовите играјќи 1:1.