„Јувентус“ и „Милан“ го договорија трансферот на Игуаин во Милано

Аргентинскиот голгетер, Гонзало Игуаин од „Јувентус“ ќе премине во „Милан“, а се чека само реализација на договорот. Според италијанските медиуми, двата клуба ги договориле деталите за трансфер вреден 54 милиони евра.

Првата година Игуаин ќе игра како позајмен играч на „Сан Сиро“, а „Милан“ ќе плати 18 милиони евра.
АКо бидат задоволни од прикажаното „миланезите“ ќе можат да го откупат договорот на Аргентинецот за дополнителни 36 милиони евра.

Според медиумите, потврда на трансферот се очекува во текот на денот кога двата клуба треба да ги официјализираат трансферите на Матија Калдара од „Јувентус“ во Милано и Леонардо Бонучи од „Милан“ во „старата дама“.
Бонучи по една година ќе се врати во „Јувентус“, а „Милан“ ќе добие перспективен централен дефанзивец и напаѓач.