Јувентус ја потврди осмата титула во низа, Интер извлече реми дома со Рома

ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус и теоретски во саботата ја потврдија својата 35-та титула првак на Италија, а осма по ред со домашната победа од 2:1 (1:1) над Фиорентина во 33-то коло од Серија А.

Јувентус сега има 87 бодови, недостижни 20 повеќе од второпласираниот Наполи кој до крајот на сезоната има да одигра уште шест натпревари. Фиорентина остана на средина од табелата, 10-та е со 40 бодови.

Средбата во Торино, по несреќната елиминација од Ајакс во Лигата на шампуионите, не започна добро за „Старата дама“. Фиорентине поведе во 7 минута преку Никола Миленковиќ, а додека беше активен овој резултат Киеза ја погоди стативата а неговите соиграчи имаа уште неколку прилики за гол. По нереализираните шанси, Алекс Сандро во 37 минута израмни на 1:1 со лет во воздух откако беше заборавен на првата статива по изведениот корнер, а Киеза пред заминување на полувременот повторно ја затресе стативата на Јуве. Мечот беше решен на почетокот од второто полувреме, во 53 минута, кога Герман Пецела нафрлувањето на Кристијано Роналдо го скршна во сопствената мрежа.

Во последниот натпревар во саботната програма во дербито во Милано домашниот Интер ремизираше 1:1 (0:1) со Рома. „Волчицата“ поведе веќе во 15 минута преку Стефан Ел Шарави, а „Нераѕурите“ израмнија во 62 минута со погодокот на Иван Перишиќ.

Третиот Интер сега ома 61 бод, пет повеќе од четвртиот Милан, а шест повеќе од шестата Рома.