Во дербито на 12-то коло од италијанското фудбалско првенство, актуелниот првак Јувентус на милански „Сан Сиро“ со 2:0 го победи Милан, останувајќи и натаму непоразен на врвот со само едно реми.
Јувентус до шестата последователна победа против Милан, кој последниот период почна да бележи добри резултати, дојде со головите на Марио Манџукиќ во 8 и на Кристијано Роналдо во 82 минута.
Торинската „Стара дама“ поведе веќе во осмата минута, кога Алекс Сандро нафрли од десната страна, а Манџукиќ го натскока Рокардо Родригез и со глава ја погоди мрежата на „росоњерите“. Домашните се мачеа да организираат напад, но добија неочекувана шанса кога топката погоди во противничкиот шеснаесетник во раката одбранбен играч на Јуве. Тоа се случи во 41 минута, а пеналот го изведе довчерашниот центарфор на екипата од Торино, Хозало Игуани, кој не успеа да го реализира, шутираше во стативата а се доби впечаток дека голманот Шчечни притоа малку да добре топката скокајќи во страната во која биеше Аргентинецот. Во 57 минута Јувентус беше на чекор од зголемување на водството, но Паоло Дибала од слободен удар ја затресе само стативата. Сите дилеми околу победникот беа разрешени во 82 минута, кога Роналдо одбиената топка од голманот Донарума по ударот на Дибала ја закова во мрежата на Милан. Само минута подоцна очигледно индиспонираниот Игуаин прво заработи жолт картон, а потоа и поради жолчни протести и исклучување.
Во првиот дуел од неделната програма во Серија А, во Бергамо Аталанта го столчи Интер со 4:1прекунувајќи ја низата на миланскиот клуб од седум последователни првенствени победи. , а потоа со идентичен резултат Рома на „Олимпико“ ја победи Сампдорија, додека Сасуло и Лацио одиграа 1:1, а головите беа постигнати во првите 15 минути од мечот. Интересно се што ова за Лацио е првото реми сезонава, откако во првите 11 кола постигнаа седум победи и четири порази.
Емполи со 2:1 го совлада Удинезе, а Киево и Болоња одиграа 2:2, па Киево по 12 кола нема ниту една победа, но откако беше казнето со одземање на три бода, сега барем излезе од бодовниот минус, односно има нула бодови.
На табелата води Јувентус со 34 бодови, втор е Наполи со 28 а Интер сепак остана на третото место со 25 бодови.