Јувентус поблиску до финалето во националниот куп

Фудбалерите на Јувнетус во првиот полуфинален натпревар од италијанскиот куп како гости во Бергамо ја совладаа Аталанта со 1:0, што беше резултат од првото полувреме.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше Аргентинецот Гонзало Игуаин уште во 3 минута.

Домашните во 25 минута имаа голема шанса да израмнат, но пеналот на Алехандро Гомез го одбрани ветеранот на голот на „Старата дама“, Џанлуиџи Буфон.

Возвратниот натпревар ќе се игра кон крајот на февруари во Торино.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Милан и Лацио, кои првиот меч ќе го играа во среда во Милано, а реваншот во Рим, исто така, на распоредот кон крајот на февруари.

Финалето ќе се одигра во Рим на 9-ти мај.