Спорт

Серија А Јувентус со победата во Фиренца го презема врвот

Јувентус со победата во Фиренца го презема врвот

Фудбалерите на Јувентус избија на чело на табелата од италијанското првенство откако со 2:0 (0:0) победија на гостувањето кај Фиренца во петокот вечерта во првиот натпревар од 24-то коло на Серија А.

Првиот погодок за торинската „Стара дама“ го постигна поранешниот играч на Фиорентина, Федерико Бернадески кој во 56 минута прецизно изведе слободен удар од самиот раб на казнениот простор, каде беше соборен. Конечниот резултат го постави Гонзало Ихуаин во 86 минута од брз противнапад.

Кон средината на првото полувреме беше досуден пенал за Фиорентина откако Џорџо Кјелини играше со рака во својот казнен простор, но судиите по повеќеминутно прегледување на снимката од ВАР системот утврдија дека пред играњето со рака му претходел прекршок на Симеоне врз Алекс Сандро.

Јувентус сега има 62 бода, два повеќе со натпревар повеќе од вториот Наполи кој во сабота ќе му биде домаќин на третопласираниот Лацио кој далеку заостанува зад водечкиот двоец со 46 бодови. Фиорентина е 11-та со 31 бод и нема да ја менува својата позиција на табелата без разлика на резултатите од другите мечеви, бидејќи има четири бода повеќе од 12-та Болоња.