Јувентус со пресврт го прескокна Милан, конечно победа на Рома

ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во дербито од 31-то коло од италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус со пресврт во последниот половина час игра дојде до домашна победа од 2:1 над големиот ривал Милан.

Ова беше осмата последователна победа на торинската „Стара дама“ во меѓусебните дуели со миланските „Росонери“.

Гостите поведоа во 39 минута со голот на Криштов Пјатек кому му асистираше Тјему Бакајоко. Ова е веќе 21-ви погодок на младиот полски напаѓач сезонава кој во есенскиот дел играше со Горан Пандев во Џенова, гол со кој во врвот на листата на стрелците се израмни со напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела.

Јувентус пропушти можност да израмни веќе во 46 минута кога Марио Манџиќ шутираше прекрасно со „ножички“, но Пепе Реина одлично реагираше. Јуве сепак израмни во 60 минута од пенал кој го избори и реализираше Пауло Дибала. Целосниот пресврт дојде во 84 минута кога младиот Моисе Кеан постигна гол за 2:1.

Јувентус со оваа победа е на чекор од математички да ја одбрани титулата. „Црвено-белите“ водат со 84 бодови, а Наполи на второто место има 63 бодови и меч помалку, додека третиот Интер има 56 бодови. Милан е четврти со 52 бода, но Аталанта има бод помалку и меч помалку, па „Росонерите“ може по недела да останат без позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во последниот саботен натпревар Рома на гостувањето ја победи Сампдорија со 1:0. Ова е прва победа на „Волчицата“ во последните четири кола, а претходно во трите првенствени меча освои само еден бод. Со победата која ја донесе Даниеле Де Роси во 75 минута Рома се враќа во борбата за настап во европските купови. Сега е на 6-то место со 51 бод колку што има постигнувајќи ја првата победа со која се врати во Аталанта на 5-то, а градскиот ривал Лацио има 48 но и два меча помалки. Сампдорија, пак, остана незагрозена од никого на 9-то место со 45 бодови.

Во саботата први играа Парма и Торино, чиј меч заврши без погодоци. Торино остана на шестото место кое води во квалификациите за Европската лига со 49 бодови, два помалку од Аталанта, а бод повеќе од Лацио кој има и два меча помалку. Парма, пак, е 12-та со 34 бодови, седум повеќе од местото кое води во разигрување за опстанок во Серија А.

Во недела играат: Фиорентина – Фросиноне, Удинезе – Емполи, Калјари – СПАЛ, Интер – Аталанта, Лацио – Сасуоло, Наполи – Џенова, а во понеделник Болоња против фенерџијата Киево ќе се обиде да дојде до спасоносни бодови и да ја напушти опасната зона.