Свет

Јужна Кореја: Четврта жртва на МЕРС

Јужна Кореја: Четврта жртва на МЕРС

Здравствените власти на Јужна Кореја потврдија дека во петокот починал уште еден човек инфициран со вирусот МЕРС, кај нас познат и како Нилска треска, пренесува МИА.

Денеска на 41 се покачи и бројката на лица кај кои е дијагностицирана опасната болест, а над 1.600 луѓе за кои се претпоставува дека можело да имаат контакт со заболените се во карантин.

Поради појавата на опасната блест, во Јужна Кореја се затворени над 1.000 училишта и градинки, а сите видови на сообраќај се сведени на минимум. Аеродромот во Сеул забележа огромно опаѓање на бројот на патниците и на домашните и на меѓународните линии.

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска упати апел до сите што во периодот од 15 до 21 мај престојувале во болницата каде што се примени првите пациенти, да се јават на здравствените власти.