Јужноафриканската република слави 20 години од укинување на Апартхејдот

Јужноафриканската република денеска слави 20 години од укинувањето на апартхејдот и одржување на првите избори на кои беше дозволено учество на кандидатите на сите раси. По тој повод ќе бидат одржани бројни улични паради, говори, молитви, концерти и воена парада.

Претседателот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума ќе ја предводи прославата во седиштето на Владата во Преторија, каде што генерации лидери на апартхејдот создавале бројни расни закони.
Денешниот ден е прогласен е за празник под името „Ден на слободата“.

Но, 20 години по раѓањето на демокритијата, Јужноафриканската република и понатаму се соочува со бројни проблеми.

„Демократијата не е нешто што се консумира како еспресо кафе, тоа е нешто што се гради,“ изјави аналитичар од Универзитетот во Преторија, Шадрак Гато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.