Јужнокорејски војник убил пет свои колеги, а потоа се ранил

Јужнокорејски војник убил пет свои колеги, а потоа се ранил. Властите соопштуваат дека војникот е префрлен во болница.

Војникот ги убил своите колеги во близина на Севернокорејската граница.

Сеуште не е позната причината зошто војникот отворил оган во саботата врз своите колеги. Според информациите на Би-Би-Си тој убил пет, а ранил седум свои колеги.

Точните околности за инцидентот во караулата не се познати, но нема индиции дека Северна Кореја е вмешана во инцидентот.