Јужнокореец пребегна во Северна Кореја

Чое Ин-гук

Еден јужнокорејски државјанин пребегнал во Северна Кореја, во еден од извонредно ретките вакви случаи кога некој од југот ќе се одлучи да живее во комунистичката, изолираната и авторитарна Северна Кореја.

Како што јавува во понеделникот BBC повикувајќи се на локалните медиуми, станува збор за извесен Чоу Ин-гук, син на двајца високорангирани јужнокорејски дипломати кои, исто така, пребегнале во Северна Кореја во 80-те години од минатиот век. Според пишувањето на севернокорејските медиуми, тој ќе живее во Северна Кореја и ќе работи на обединувањето на двете Кореи.

Бегство во кое некој од развиената и демократска Јужна Кореја пребегнува во Северна е многу ретко. Многу почести се случаите кога луѓе од Северна Кореја бегаат во Јужна. Двете земји технички сѐ уште се во војна, бидејќи Корејската војна во 1953 година е завршена со примирје а не со мировен договор, па на јужнокорејските државјани им се потребни специјални дозволи за да ја посетат Северна Кореја.

„Сѐ уште не е јасно како всушност се случило пребегнувањето. Но се чини многу едноставно за јужнокореец да дојде до Северна Кореја, ако го има благословот од таа земја патувајќи преку Кина“, вели Оливер Хотам, кој работи за интернет порталот NK News.

Но доколку Чоу ги прекршил јужнокорејските закони и не барал дозвола, би можел да биде уапсен доколку се врати во Јужна Кореја, наведуваат стручњаците во Сеул.

Станува збор за 73-годишен државјанин, но малку се знае за неговите политички ставови и животни вредности. Неговите родители биле меѓу највисоко рангираните јужнокорејци кои во 1980-те години пребегнале на северот. За неговото доаѓање во Пјонгјанг известуваа севернокорејските медиуми укажувајќи на срдечното добредојде со кое го пречекале севернокорејските функционери.

Медиумите во Јужна Кореја ја пренесуваат неговата изјава за севернокорејски портал кој се смета за пропаганден медиум на режимот во Пјонгјанг, во која Чое наведува дека одлучил трајно да живее во Северна Кореја, како и дека „да се живее во земајта и да се следи земјата кон која чувствува благодарност, воедено е и начин на спроведување на волјата не неговите родители“.

Чоу последните години почесто патуваат во Северна Кореја, последниот пат на погребот на неговата мајка во 2016 година. Неговиот татко во 60-те години од минатиот век била министер за надворешни работи на Јужна Кореја, а по доаѓањето во Северна Кореја двојката станала дел од политичката елита во својата нова татковина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.