Јужнокорејците збунети и гневни на Трамп

„Ние кои живееме на Корејскиот полуостров ќе ги трпиме последиците од твоето дело, Американецу“ порачаа десетици јужнокорејски студенти и активисти за човекови права кои протестираа во Сеул за да го осудат откажувањето на средбата на Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тие носеа разни транспаренти и ги кинеа неговите фотографии. Тие предупредуваат дека не е добро повторно да се изолира Северна Кореја откако ѝ пружила рака на меѓународната заедница.

Северна Кореја го направи сето она што од неа е побарано. Ги демонтираа своите нуклеарни постројки. Трамп не е заинтересиран за мирот во нашата земја. Зошто едноставно нас, двете Кореи, не нѐ остави да живееме во мир?, вели 29-годишниот службеник Јуџин Лим.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, кој вложи голем туд за да помогне во одржувањето на самитот и кој за време на средбата со Трамп во вторникот во Белата куќа го повика американскиот претседател да не ја испушти оваа ретка можност, рече дека е „збунет“ од откажувањето на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.