К-15 е задолжителен и оваа година, казна за работодавците кои нема да го исплатат

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година.

Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.  Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.