Кај Ќафасан пронајдена торба со марихуана

Пред два дена во полициска станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат во близина на граничниот премин Ќафасан, полициски службеници пронашле торба со марихуана.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.