Кајалџиев: Лудост е зад „Рекет“ да стојат само Катица и Боки 13

Гордан Калајџиев, универзитетски професор, при гостување на емисија „Журнал“ посочи дека зад „Рекет“ не може само да се Катица и Боки 13 мора да има и други вмешани.

-Мислам дека по малку е неверојатно да зад целата ова а лудорија „Рекет“ да стојат само Боки 13 и Катица Јанева. Бидејќи тоа е рамно на лудост. Сега они не се баш цвеќе за мирисање, но не се и најпаметните ама толку луди не се, појасни Калајџиев.

Калајџиев додаде дека една институција која е под надзор на меѓународни и регионални служби, на сите правни институции, невладин сектор и во исто време да се осуди да рекетира некој од најмоќните луѓе во Македонија, кои што имаат врски на сите нивоа домашни и меѓународни е рамно на лудост.

-Значи просто е неверојатно да некои двајца карактери, вакви како од цртан филм, да смислат нешто такво, не знам како се викаа едни две глувчиња што секоја вечер одново смислуваа како да го освојат светот. Тоа е така како пародија, цртан филм за возрасни. Од кои што едниот е глуп, а другиот паметен. А од овие двајца се вели дека Боки бил попаметен, но не знам кој од кого е попаметен. И изгледа малку неверојатно во ова констатација. Мислам дека има некоја подлабока причина, малку беше чудно самото тоа што во моментот кога се виде дека не може Катица понатаму да биде СЈО, одеднаш сета меѓународна и домашна еднодушна поддршка да продолжи да функционира СЈО се сврти за 180 степени СЈО да се закопа. Тоа нема друга асоцијација освен тоа дека некој нејќе воопшто да се види што е работата во СЈО. И тука ВМРО има право можеби и еден ден, можеби не одма сега додека се активни предметите, но еве, еден ден да се види што е стварно таму работено и како, истакна Калајџиев.