Кај Гевгелија откриени над 200 мигранти, уапсен е возачот

Вкупно 211 мигранти биле пронајдени синоќа во возило во атарот на селото Стојаково, пренесуваат од МВР.

Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти, 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.