Кај граѓаните не минуваат обидите на Заев и Филипче да се амнестираат за кризата

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, напиша вчера на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Меѓутоа, наместо поддршка за обидите вината за лошото управување со здравствената криза и обидите таа да биде минимизирана за остварување на желбите на Заев за бтзи избори, негови тврдења граѓаните го нападнаа дека вината треба да ја бара само кај себе и кај своите партиски послушници и неспособни кадри.

А бре, златен тој, многу брзо забораваш. Кога беа уапсени непослушници во Сингелиќ и се собраа да протестираат, кој дојде да ги ослободи? Градоначалникот, така? Од која партијата е тој, од СДСМ? Кој му нареди да ги ослободат?, се вели во еден од коментарите од граѓаните.

Јавноста е револтирана од постојаните изговори на власта и нивното кревање раменици.

Доста бе народот жив го јадовте, имавте шанса да работите и тогаш Миле ви беше крив. Еднаш не покажавте став и не останавте зад постапките, се некој друг ви е виновен.
Иначе Господине, не, никој не е виновен, ОСВЕН народот кој слепо верува дури парче ја правите државата, револтирано коментира друг.

Кога блескате вие сте заслужни, кога ќе се види оти сте гола вода друг е крив. Сега нè задолживте милијарди евра, па уште Чулев да го нема за да ги прокнижите преку вашите фирми, велат граѓаните.

Од острите коментари на корисниците не беше поштеден ниту министерот за здравство Венко Филипче.

Граѓаните се гневни што вината за нивната лична неспособност Владата ја префрла врз народот.

Доста ни е од вашата разочараност! Тука сте да превземате мерки, да се грижите за општото здравје, а не Комисијата за заразни болести да ја претворате во политичко тело. Министре, ние не само што сме разочарани од вас, ние умираме поради вашата потчинетст, се вели во еден од коментарите на профилот кај министерот Филипче.

Видовме колку ви е битно здравјето на граѓаните. За пуста власт и фотелја ги укинавте сите мерки, само и само да се оди на избори. Се докажа вашето лицемерие и тоа колку сте расипани во душата. Уште еден доказ дека нема порасипано и погнасно нешто од политичари и политика.
ПС: Другари не се радувајте многу, да поминат изборите па се гледаме назад затворени во четири ѕидасе вели во друг коментар.

Во меѓувреме, покрај манипулирањето со бројките на заразени и починати од страна на Министерството за здравство, Македонија е меѓу земјите кои најлошо се справуваат со епидемијата во регионот.

Ќе имавте подобар резултат и ќе бевте ценет повеќе доколку си ја вршевте работата наместо да се занимавате со ПР на владеачката партија. А за резултатите, зборуваат отворањето на границите на соседите (за почеток Хрватска и Црна Гора) за добар дел држави кои според Вашата пропаганда имаат полош баланс на смртни случаи по милион жители од земјава, но за нас остануваат затворени, му порачаа граѓаните.

Вчера и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше на овие изјави од Заев и СДСМ.

Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте.

Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ.

Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки, вели Мицкоски.