Кај лица од Скопје и од Куманово полицијата најде марихуана

На 18.01.2021 во 20.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(37) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.01.2021 во 20.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(23) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.01.2021 во 19.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(34) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.