Кај Неготино: Бегал од полицијата бидејќи возел мигранти од Индија

На 12.02.2022 во 21:30 часот на влез во Неготино, кај крстосницата од бул.„Маршал Тито“ и Р1 102, и покрај даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Неготино, за запирање на патничко возило „форд мондео“, со бугарски национални ознаки, тоа не запрело, туку ја зголемило брзината, но набрзо било затекнато сопрено на ул.„Дојранска“.

Во возилото се пронајдени седум лица – илегални мигранти од Индија, а возачот избегал.

По насока на Јавен обвинител лицата–мигранти се префрлени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.