Kај скопјанец пронајден нелегален пиштол

На 11.09.2019 СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, изврши претрес во домот на Ѓ.А.(43) во с.Ржаничино, скопско. При претресот биле пронајдени 70 куршуми, шест ловни патрони, еден пиштол, една рамка со два куршуми и една дигитална вага со остатоци од непозната материја, кои биле привремено одземени. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.