Кај тројца Албанци италијанската полиција им запленила дрога вредна милион евра

Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра.

Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија.

-Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е пронајден и список со имиња, како и мобилни телефони и друг доказен материјал кои ќе се користат во истрагата во откривањето на соработниците, пренесува Ора њуз повикувајќи се италијанската полиција.

Се додава дека ангажираноста на италијанските власти посебно е насочена кон идентификација на каналот од каде се набавени амфетамините и кокаинот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.