Кабаје е најголемата желба на ПСЖ

Сите спортски медиуми во Франција се убедени дека прв на списокот со фудбалери кои би требало додатно да го засилат актуелниот шампион, ПСЖ, за време на зимскиот преоден рок, е францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Јохан Кабаје.

Големат желба на популарните “светци” лесно ќе стане реалност доколку нивната понуда не биде помала од 25 мил. евра.
Одличниот играч за врска веќе има изјавено дека убаво се чуствува во Англија и во дресот на Њукасл, но додаде дека не постои таков фудбалер кој е во состојба да ја одбие евентуалната понуда на актуелниот шампион на Франција.