Кабинет на Иванов: Хојт Ји побара средба, но претседателот има други обврски

267

Претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со заменикот помошник на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, кој во понеделник ќе ја посети Македонија, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Оттаму соопштуваат дека до кабинетот на Претседателот на Република Македонија е упатено барање за средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски претседателот Иванов нема можност за реализација на таква средба.

Средбите со Хојт Ји веќе ги потврдија од политичките партии и од амбасадата на САД кои најавуваат дека средбите со политичките лидери се со цел да ги ангажира околу процесот на формирање влада, билатералните односи и неопходните реформи за евроатлантските интеграции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.