Кабинет на Пендаровски: Претседателот ги кажува само ставовите за „27 април“, не коментира детали и барања

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, реагираат од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека претседателот е дволичен и едно изјавил пред камерите, а друго зборувале на средбата за „27 април“.

– Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани. Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат – велат од Кабинетот на Пендаровски.