Кабинетот на Ѓукановиќ ги негира написите за поврзаност со убиството на хрватскиот новинар

Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го негираше во вторникот пишувањето на хрватскиот неделник Nacional кој објави дека поседува аудиоснимка кајашто укажќува на тоа дека налогодавач на убиството на основачот и главниот и одговорен уредник на весникот Иво Пуканиќ во октомври 2008 година би можел да биде Ѓукановиќ.

Претходно во вторникот неделникот Nacional на својата насловна страница објави дека дванаесет години по убиството на Иво Пуканиќ „ненадејно се појави аудиоснимка од затвор која укажува на нарачатеите на атентатот“.

„Весникот поседува снимка од телефонски разговор во кој Сретен Јоциќ, наречен Јоца Амстердам, открива зошто досега не го кажал Мило Ѓукановиќ“, се наведува во вторникот во текстот на Nacional и се додава дека открвиа дека снимката прво дошла до полицијата во БиХ, а потоа во Хрватска, и зошто лицето кое го снимила го пријавила Јоциќ за закани.

Во текстот на Nacional се наведува дека Стретен Јоциќ во еден разговор вели дека 12 години е како во затвор и дека можел да го намести претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, и дека живее во Костарика, но дека тоа не го сторил.

„Тука сум, каде што сум, не сакам моите внуци и деца да се срамат од мене жив. Подбро да се гордеат со мене мртов“, наводно рекол Јоца Амстердам кого во 2014 година апелацискиот суд во Белград правосилно го ослободи од обвиненијата дека го организирал убиството на Пуканиќ.

Од кабинетот на Ѓукановиќ тврдат дека пишувањето на загрепски Nacional претставува „рециклирање на лагите“ кои веќе еднаш биле објавени па демантирани.

„Невистината објавена на насловната страница на хрватскиот неделник Nacional, за вмешаноста на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во убиството на Иво Пуканиќ, преставува рециклирање на лагите кои уште пред осум години беа лансирани, и веднаш потоа демантирани од сите актери на таа конструкција, па и од самиот Сретен Јоциќ, кој во Србија во меѓуврме правосилно е ослободен од обвинувањата за убиството на сопственикот на Nacional“, соопштуваат од кабинетот на Ѓукановиќ.

Наведуваат и дека притисоците на тогашното „полициско водство на Србија“, во време на власта на Борис Тадиќ, Јоциќ лажно да го обвини Ѓукановиќ за на тој начин да се дискридитира Црна Гора и нејзиното раководство, не го дале посакуваниот ефект.

„Тогаш беше раскринкан како еден од бројните методи во обидот за криминализација на Мило Ѓукановиќ, кој разни разузнавачко-медиумски центри го спроведуваат повеќе од 20 години. Еден од таквите обиди беше и ‘Тутинската афера’, којја и судски е верификувана како подметнување, додека сите актери во тој процес, пред италијанските судови, правосилно се ослободени од сите обвиненија“, истакнуваат од кабинетот на Ѓукановиќ.

Наведуваат и дека „со реклицирање на сензационалистички обработени лаги од 2012 година“, неделникот Nacional, при годишнината од убиството на Пуканиќ, сака да си го подигне тиражот.

Иво Пуканиќ и неговиот колега Нико Франиќ се убиени на 23-ти октомври 2008 година на паркингот пред редакцијата на неделникот. Нивното убиство со подметната експлозија во ценатарот на Загреб силно ја вознемири и хрватската и јавноста во регионот, бидејќи Nacional обајвуваше жестоки текстови за криминалните активности на балканските политичко-мафијашко структури.

За овој случај беа уапсени осум лица. Во две одвоени судења, едно пред Жупанискиот суд во Загреб и другото пред Специјалниот суд во Белград, за убиството на Пуканиќ и Франиќ правосилно се осудени браќата Роберт и Лука Матанич, Жељко Милановиќ, Бојан Гудуричќ, Слободан Ѓуровиќ и Амир Мафалани, додека со правосилна пресуда е ослободен од обвинението Сретен Јоциќ. Сепак, во хрватската јавност и денеска има големи сомневања за овој атентат, бидејќи досега не се откриени ниту налогодавачите, ниту мотивите за убиството од страна на осудените.