Кабул: Најмалку 21 жртва од последниот терористички напад

Вкупно 21 лице, меѓу кои и 13 странски државјани загинаа во самоубиствениот бомбашки напад во популарен ресторан во авганистанската престолнина Кабул, соопшти локалната полиција. Меѓу жртвите се двајца британски државјани и двајца Канаѓани, еден Либанец кој е претставник на ММФ во Авганистан и уште еден Либанец кој бил сопственик на ресторанот.

Четворица соработници на Обединетите Нации загинале, но нивната националност не е потврдена, пренесе „АФП“.

„Споре последните податоци загинато е 21 лице, вклучувајќи 13 странци и осум Авганистанци“, изјавил началникот на полицијата во Кабул.

Меѓу загинатите има и пет жени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.