Кацарска ќе го внесе албанскиот јазик во Уставен

Добрила Кацарска, новоизбраната претседателка на Уставен суд, во емисијата „Трилинг“ изјави дека во оваа судска инстанца е пристигната опомена да се постават табли согласно Законот за примена на јазиците.

-Законодавниот дом ги носи законите, а граѓаните се должни да ги почитуваат законите. Следат и казни, зарем треба да платам 5.000 евра. Не се работи само за парите, но би се чувствала срамно. Не сум казнета ниту прекршочно, а возам од 18 години. Опомена во Уставниот суд е стигната, затоа што не се променети таблите. Во Уставниот суд нема систем за електронско евидентирање на вработените, што е законска обврска. Набавката е во тек на овој систем. Се што е пропуштено, јас ќе го направам, без разлика дали мојот рејтинг со тоа ќе се намали или зголеми – рече Кацарска

Таа посочи дека иако нема обврска да бара согласност за да ги промени таблите, сепак ги прашала судиите дали сакаат да дискутираат за тоа.

-Ниту еден судија немапе ништо против. Јас сум прва меѓу еднаквите и имам организациски обврски. Не ме интересира дали тоа ќе му одговара на некоја политичка елита или не, рече Кацарска во „Трилинг“.