Кацарска ги храни криминалот и корупцијата

Повод за оваа моја колумна е објавувањето на РЕШЕНИЕТО во Службен весник бр.19 на 30 јануари 2023 г, У.бр.128/2019 од 1.12.2022 година, со кое: НЕ СЕ ПОВЕДУВА  постапка за оценување на уставноста на член 174 ставовите 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високо образование (Сл.весник на Република Македонија“ бр.82/2018) И дека ова решение Уставниот суд го донел со мнозинство гласови и тоа: претседател Добрила Кацарска, судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Вангелина Маркудова и Фатмир Скендер, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски.

Во објавеното решение во Службениот весник никаде не стои и не е објавено ИЗДВОЕНОТО МИСЛЕЊЕ на уставните судии, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски против Решението У.бр.128/2019, која е стална судска пракса и од големо правно, транспарентно и демократско значење.

По (мое телефонско) барање поконкретно од Секретарот на Уставниот суд на Република Македонија – Александар Лазов да добијам одговор – со прашање: Зошто во Службениот весник не е објавено ИЗДВОЕНОТО МИСЛЕЊЕ на уставните судии, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски против Решението У.бр.128/2019?. Ми беше арогантно одговорено: „Да сум се обрател во писмена форма ќе ми одговореле“??? Зошто ваков арогантен однос? Претпоставувам биле „навредени“-поконкретно претседателот Кацарска!!! Дали е ова „навреда“ Кацарска? – прочитајте:

Уставниот суд под раководство на Кацарска и

Република Македонија го губи Уставниот суд како столб на државноста

Донесеното РЕШЕНИЕ, а објавено во Службен весник на РСМ бр.19 на 30 јануари 2023 година, У.бр.128/2019 од 1.12.2022 година, со кое: НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 174 ставовите 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високо образование (Сл.весник на Република Македонија“ бр.82/2018) е чисто политичко, а не правно и уставно.

Сакам правната фела и експертите по Уставвно право да бидат запознати и да се изјаснат – на прашањето: Дали донесениот Законот за спречување на корупцијата и судирите на интереси е согласно Уставот (Службен весник на РМ бр.19/2019)? – Глава петта: Спречување на корупцијата во вршењето јавни овластувања – Во пододелот: Забрана за вршење на други дејности – членот 44 став 1 стои: „Изборот за време на или именување на лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши  со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“. Во ставот 2 од истиот Закон стои: „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспоиви една со друга“. Понатака во ставот 3 од истиот Закон стои: „На избраните и именувани лица, чии функции се извршуваат професионално, работниот однос им мирува согласно со закон“… Па дали овој Закон за спречување на корупцијата и судирите на интереси (Службен весник на РМ бр.19/2019) членот 44 е согласно Уставот или не?! Ајде Кацарска и вие судии на Уставниот суд проговорете! Кацарска, зошто не го почитуваш Законот и го храниш криминалот и корупцијата, а не само ТИ и оние другите кои не размислуваат правно и Уставно! А, што се нагласува во член 51 од Уставот на Република Македонија во кој се утврдува дека: „законите мораат да бидат во согласност на Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите, со што го оспорува актот од одредбите на член 174 ставовите 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високо образование (Службен весник на Р.Македонијабр.82/2018), со кој барав Уставниот суд да поведе постапка, поаѓајќи од принципот на неспоивост на државни и јавни функционери, а имено функцијата на претседателот на Владата и министер со вршење на други јавни функции или професии, а  во врска со член 89 од Уставот на Р.Македонија во кој стои: „…Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии. Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон“. За испитување на уставноста на Законот за високо образование во согласност со  се што е погоре наведено, а особено:

Следејќи ја тенденцијата на уставотворецот и онтолошкото значење на трудово-правниот институт „мирување на работниот однос“, истиот е дорегулиран во Законот за работните односи кој е basic legem за регулирање на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос  (пречистен текст, Службен весник на РМ бр. 74/2018), член 151:

Мирување на работниот однос на работник избран или именуван на државна или јавна функција

Во согласност со тој член: „на работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.

Евидентна е интенцијата на законодавецот кој во  Закон за работни односи (ЗРО) ја следи филозофијата на уставната одредба која е адекватна на нејзината цел, а таа е: да се оневозможи каква било работна активност на функционерот односно работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон. Од таа причина и терминологијата која ја користи ЗРО е „мирување на правата и обврските од договорот за вработување“ (чл.45) и подразбира дека „за време на мирување на договорот за вработување, мируваат договорните и другите права, како и обврските од работниот однос коишто се непосредно поврзани со вршењето на работата“. Но, Законот за високото образование на РМ (Службен весник на РМ бр. 82/2018), не ја следи оваа тенденција и е во јасна колизија со уставните норми, па како таков, во членот 174 став од ЗВО експлицитно определува дека:

(8) При мирување на работниот однос, лицето избрано во наставно-научно, наставно-стручно, наставно или соработничкозвање, има право да врши високообразовна дејност на прв циклус на студии без финансиски надомест.

(9) Лицето избрано во наставно-научно, наставно-стручно или наставно звање, на кое му мирува работниот однос, има право да држи предавања и да биде ментор на втор и трет циклус на студии, како и да врши други активности од високообразовната дејност.

Понатаму, во член 176 став 3 од Законот за високото образование на РМ (Службен весник на РМ бр. 82/2018) се определува:

(3) Времето за распишување на конкурсот од ставот (1) на овој член се продолжува за времето кое е поминато на породилно отсуство, боледување подолго од три месеци, како и мирување на работниот однос во случаи определени со закон. На барање на лицето, рокот не мора да се продолжи.

Евидентна е неусогласеноста на цитираните одредби на Законот за високо образование (ЗВО) со членот 89 од Уставот на Р. Македонија. Уставната одредба и уште повеќе, концептот на „мирување“ на работниот однос, во својата суштина подразбира целосно мирување на сите активности, права и обврски од работниот однос кои што се непосредно поврзани со работниот однос. Во ставовите 8 и 9 од членот 174 јасно се гледа дека не се почитувани пропишаните ограничувања за мирувањето на работниот однос па спротивно на уставните норми се дозволува „не-мирување“ на активностите, правата и обврските од работниот однос.

Уште повеќе, уставната одредба од членот 89 неспорно имплицира дека последиците на мирувањето не се оставени на слободна диспозиција на функционерот (како што во член 176 став 3 од ЗВО е предвидено дека на барање на лицето, рокот за распишување на конкурс за избор во звање, не мора да се продолжи!?) Функционерот не може и не смее да се става над Уставот и своеволно да остварува дополнителни права за себе, во време на извршување на друга државна или јавна функција поради која, работниот однос му мирува.

Во поткрепа на овие аргументи, функционерот избран на јавна или државна функција, нема да има време и можност квалитетно да ја изведува наставно образовната дејност, ниту пак квалитетно и професионално да ја извршува и да постигне резултати во извршувањето на јавната, односно државна функција. Не ретко, ваквата двојност на функција/професија резултира и во судир на интереси, состојба на судир меѓу јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице во кој приватниот интерес влијае или може да влијае врз извршувањето на неговите јавни овластувања и должности, Ова начело на забрана на судир на интереси според тоа подразбира забрана за вршителите на сите јавни функции едновремено да обавуваат односно извршуваат други функции и професии при чие извршување, заради интересот изразен во нив, да можат објективно да дојдат во ситуација каде јавната функција ќе ја извршуваат на начин на кој јавниот интерес ќе го подведат на својот или туѓ приватен интерес односно ќе ја извршуваат на начин на кој би се довело во прашање остварувањето на општиот интерес.

Поконкретно кажано со двојни ангажирања на функционери: ова особено е случај со едновременото вршење на функцијата Министер за образование и наука (порано) Арбер Адеми а сега пратеник и професор, ист е случајот и со Агим Нухиу порано заменик министер за МВР, па на министерството за Правда, а сега заменик министер за образование истовремено се унапредува дури и до редовен професор, ист случај министер за образование порано  во  министерството за правда, образование Дескоска истовремено и професор на Правниот факултет„Јустинијан први“ при УКИМ-Скопје, или Артан Груби вицепремиер и доцент на ДУТ-Тетово… Дали ваквата двојност во извршување на функции е европска пракса?

Кацарска и сличните партиски уставни судии не ја почитуваат и Меѓународната Конвенција (која е задолжителна за секоја држава) во борба против корупцијата на Обединетите нации (UNCAC, Службен весник на РМ бр. 37/07). Тогаш во право се сите меѓународни перцепции за високото ниво на криминал и корупција на јавни функционери во Република Македонија и дека институциите ни се корумпирани и криминални. Што и како да се одговори кога Уставниот суд на Република Македонија, не ја почитува оваа Меѓународна конвенција во борба против корупцијата каде што се утврдува дека целите на оваа Конвенција се: „да се унапредат и зајакнат на најефикасен начин мерките против корупцијата; да се унапредат, олеснат и поддржат меѓународната соработка и техничката помош со цел за спречување на корупцијата и за борба против неа, вклучувајќи го и враќањето на имотите; да се унапреди интегритетот, одговорноста и доброто управување со јавните работи и државниот имот (чл. 1), дека секоја држава/страна на Конвенцијата, во согласност со основните принципи на нејзиниот правен систем, подготвува, спроведува и следи координирани политики за ефикасна превенција на корупцијата. При подготвувањето на овие политики е неопходно учество на сите сегменти од општеството и целосно почитување на принципите на правната држава, доброто владеење, интегритетот, транспарентноста, отчетноста и одговорноста (чл.5), дека секоја држава членка, ќе настојува, во согласност со основните принципи на нејзиното внатрешно право, да усвои, да ги задржи и да ги зајакне системите кои фаворизираат транспарентност и спречуваат конфликт на интерес. Од причини што оспорената одредба во однос на функционерите очигледно дозволува исклучок од забраната за корупција и судир на интереси, на овој начин не се зајакнува востановениот систем со кој тие две негативни појави се спречуваат, па оттука оспорените одредби не се во согласност ниту со прифатените меѓународни договори“.

Ваква двојност во извршување на функции е спротивна на европската пракса и не постои во ниедна земја членка на ЕУ, во која и Република. Македонија претендира да влезе.

По оваа моја иницијатива Уставниот суд  носи (по мене политичко) РЕШЕНИЕ У.бр.128/2019 од 1.12.2022 година со кое: НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 174 ставовите 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високо образование (Сл.весник на Република Македонија“ бр.82/2018).И истото Решение е објавено во Службен весник на РСМ бр.19 на 30 јануари 2023 г, но не и ИЗДВОЕНОТО МИСЛЕЊЕ против Решението У.бр.128/2019 со кој се изјаснуваат судиите  д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски.

Ова (политичко) решение Уставниот суд го донел со мнозинство гласови и тоа: претседател Добрила Кацарска, судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева , Вангелина Маркудова и Фатмир Скендер. Додека со ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ против Решението У.бр.128/2019 се изјаснуваат судиите  д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски, кои на ден 23.12.2022 година, писмено го образложија следното издвоено мислење со што цитирам:

„Две околности се правно релевантни поради кои го издвојуваме мислењето: Првата се однесува на квалитетното вршење на функцијата на која е избрано, односно именувано лице кое врши професура во образовниот процес. Во истата насока основно се поставува прашањето на квалитетот на образовниот процес во времето кога се врши државна или јавна функција.

Втората околност, според нашето мислење, исто така правно релевантна, се однесува на правата и обврските при мирувањето на работниот однос.

По однос на првата околност, ние сме на мислење дека функционерот избран на јавна или државна функција нема време и објективна можност квалитетно да ја изведува наставно-образовната дејност, ниту пак квалитетно и професионално да постигне очекувани резултати во вршењето на јавната односно државната функција.

Во однос на квалитетот во образовниот процес состојбите се познати и загрижувачки во прашање на квалитетното образование на младите кадри. Фактите во однос на квалитетот односно неквалитетот во образовниот процес се ноторни и општопознати.

Посебно ја подвлекуваме втората правна релевантна околност, станува збор за мирување на работниот однос. Мирување на работниот однос е важна трудово-правна институција. Притоа се прави разлика помеѓу работата на работниот процес, односно за работата на работното место со вршење на работите и работните задачи, од една , и мирување на работниот однос, од друга страна. Овие две трудово-правни категории, поточно институции се различни и постои дистинкција помеѓу нив. Прво, што е битно, овие две трудово-правни категории не можат да  се остваруваат едновремено. Напротив, едната институција ја исклучува вругата.

Наведената разлика се објаснува и се образлага како што следува: Со мирувањето на работниот однос, во случаите кога работникот се именува на државна или јавна функција, чие вршење бара отсуство на работникот на работниот процес, за работникот мируваат сите обврски кои се поврзани со неговите работи и работни задачи кај работодавачот. Со мирувањето на обврските, се разбира, мируваат и сите права од работниот однос. Тоа важи и за mutandis и за кадрите ангажирани во образовниот процес. Апсурдно е да се смета и размислува дека при мирувањето на работниот однос и во времето кога работникот фактички и физички работи кај работодавачот, тој да остварува конкретни права. Во тие права влегува и правото на работна кариера, односно унапредувањето додека мирува работниот однос, вклучувајќи ги и правата кои се однесуваат на стекнување на универзитетски наставни звања.

Од наведената конотација јасни се определбите од член 151 од Законот за работни односи од 2005 година (пречистен текст од 2018 година Службен весник на Република Македонија“бр74/2018).

Имено, со одредбите содржани во член 151 од ЗРО јасно и мошне прецизно е уредено прашањето на мирување на работниот однос на работник именуван или избран на државна или јавна функција.

Се подвлекува дека за време на вршење на државна или јавна функција, чие вршење бара работникот привремено да престане да работи кај работодавачот, нему му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата. По престанокот на функцијата работникот има право во рок од 15 дена да се врати на работа кај работодавачот и да биде распореден на работа која одговара на неговиот степен на стручна подготовка.

Секое поинакво толкување на оваа одредба со нагласка дека работникот додека му мирува работниот однос има право да остварува конкретни права од работниот однос, сметаме дека таквото толкување е спротивно на законот- interpretation contra legem.

Во иста конотација заслужува да биде подвлечено дека примената на оспорените одредби по однос на правата на наставниот кадар, а во времето кога му мирува работниот однос, преставува и повреда на еднаквоста пред законот и дискриминација спрема вработените лица кај истиот работодавач кои со работа и постигнатите резултати од работа треба да се докажат за евентуално унапредување во работниот процес“.

Со ова издвоено мислење на уставните судии, покажуваат дека донесувањето на Законите треба да бидат усогласени со Уставот на Македонија, Меѓународната конвенција на ООН во борба против криминалот и корупцијата. Која треба да биде   пример за проучување на Правните факултети во Македонија!!!

Кацарска, повторно Ви ги поставувам прашањата. Сигурно ќе одговорите:

  • Дали е точно дека сте завршиле Правен факултет со просек шест? и
  • Дали е точно дека сте паднале на правосуден испит?

Ова мое пишување веќе е  доставено до нивните екселенции американската, холандската и други македонски амбасади, заедно со мојата најнова книга: МАКЕДОНСКА ОПШТЕСТВЕНА СТВАРНОСТ.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.