Качински ја обвини Германија дека сака да доминира со Европа

Челникот на владејачката полска десничкарска партија Право и справедливост (PiS), Јарослав Качински ја обвини Германија дека сака да доминира со Европа

„Денес Германците сакаат да го постигна по мирен пат она што некогаш имаа намера да го постигнат со воена сила“, рече Качински во саботата во местото Легници на југот на Полска.

„Меѓутоа, силата на Европа лежи во разноличноста и суверинитетот на државите членки“ на Европската унија, рече Качински додавајќи дека смета оти „ситуацијата во којашто втората најголема земја во ЕУ сака да доминира со Европа води на патот на кризи и катастрофи“ што ја погаѓа не само Полска, туку и цела Европа, вклучително и Германија.

Јарослав Качински, кој не извршува никаква должност во владата, но е многу влијателен како како лидер на владејачката партија којашто доминира на полската политичка сцена речиси цела деценија. Полска следанта есен ќе одржи парламентарни избори, а рејтингот на PiS неодамна падна поради високата инфлација.

Во опозициските и германските медиуми се наведува дека 73-годишниот Качински во своите гровори ширум јужниот полски огруг Долна Шлезија, веројатно се обидува да ги придобие избирачите со антигерманската реторика заострувајќи ги и онака тензичните односи меѓу Полска и Германија во последните неколку години.

Качински минатата година го обвини Берлин дека сака да ја претвори Европската унија во федерален „Германски четврти рајх“.

Во септември, годинава, пак презентираше извештај кој ги разгледува финансиските штети предизвикани од инвазијата и окупацијата на Германија во Втората светска војна, што повторно ја разгоре дебатата за барање репарации. На почетокот на октомври, Варшава испрати дипломатска нота до Берлин барајќи над 1,3 трилиони евра како компензација за штетите поврзани со Втората светска војна.

Војната во Украина, исто така, предизвика критики на Германија од страна на Полска, која го обвинува Берлин за стратешки грешки, вклучително и за прекумерното потпирање на руските енергенси и за „премногу бавното“ давање воена помош во оружје за Киев.

Министрите за одбрана на двете земји неодамна се согласија да ги стационираат германските системи за воздушна одбрана „Patriot“ во Полска за да го заштитат нејзиниот воздушен простор. Но, набргу потоа полскиот министер го налути Берлин барајќи од него да ѝ го испорача на Украина ракетниот одбранбен систем наменет за Полска, предлог што Германија го отфрли, велејќи дека противвоздушните батериите треба да се распоредат само во земји членки на НАТО.