Кадарот на ДУИ во општините некадарен за граѓаните

Локалните проблеми на граѓаните како по правило се оставаат на страна, секогаш зад високите политичи агенди на челниците на локалните самоуправи. Но, по се’ изгледа дека неколку општини постојано предничат во тоа.

Како дежа-ву секогаш се јавува сликата на поплавени улици во Чаир и по мало невреме. По краткиот пороен дожд синоќа, чаирчани беа „блокирани“ бидејќи неколку улици во населбата беа буквално поплавени, а глетката воопшто не беше ни малку наивна. За среќа, нема повредни лица.

Градоначалникот на општина Чаир од редовите на ДУИ, Изет Меџити, кој  два мандати е на таа функција, постојано се соочува со критика за неговото работење. Но неговите популистички мерки кои по неговата логика, веројатно му носат повеќе политички поени и личен интерес, се повеќе важни од изградба на атмосферска канализација на улиците и решавање на инфраструктурните проблеми во тој дел од градот.

Сепак, тука не завршува „квалитетот“ на ДУИ во локалната власт. И за градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, не се врзуваат пофални беседи за подобрување на квалитетот на животот на тетовци. Таа за својот мандат не стори ништо да ја намали енормната загаденост на воздухот во градот, како и за проблемот со дивоградбите и депонијата.

Проблемот со дивата градска депонија на Тетово е долгогодишен и е една од причините за постојаната загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички. На влезот од градот ве пречекува купишта ѓубре во близина на станбени објекти и детска градинка. Проблемот се зголемува со доаѓање на летото и високите температури, кога почнува да се шири лоша миризба и претставува сигурен извор на разни зарази.
депо
Вчера не беше поволен ден ниту за стружани. Попладнето, од се’ уште непознати прични се опожари депонијата во Струга. Струга се угуши од чадот а истиот проблем ги надваса и околните села.

Струшката депонија е исто така долгогодишен проблем кој не е решен од градоначалниците. Ниту новиот министер без ресор Рамиз Mерко, кој долги години беше струшки градоначалник, ниту пак коалициониот партнер на СДСМ Зијадин Села од Алијансата на Албанците, не го решија проблемот со депонијата. А, дополнително, и во мандатот на Mерко, и во оној на Села, министер за екологија беше човек од редовите на ДУИ.

Граѓаните со право се револтирани и бараат решение за депонијата. Освен со депонијата, стружани се соочуваат и со бројни инфраструктурни проблеми што треба да се приоритет на агендата на локалната власт. Ниту актуелниот, ниту поранешниот градоначалник, не се заземаа за решавање на прашања кои се од витално начење на граѓаните, а во 21 век за некои се’ уште е научна фантастика канализација, водовод и патна инфраструктура.