Каде бре, јас живеам?

Си било еднаш, во едно место, преку седум гори, преку седум мориња, преку седум планини, преку седум океани, преку седум долини, преку… па, каде ли јас тоа живеам у три лепе си ендокринологије?

Опозиција

Работата на опозиција е да мрчи, протестира, штрајкува, блокира, на улица или во парламент, затоа е опозиција. А, они и само они – опозицијата е синоним за демократија! За секоја везна или безвезна работа, треба прва да реагира, бетер од новинска агенција, поагилно од систем за рано предупредување од атомски напад. Опозиција треба да е на улица, имало или не причина. Не можам да ги разберам шарените полначи, ем фрлачи на кондоми – улица беше екслузиво место само за вас или како камењарки кои висат пред РТВ на кеј се чувствувате загрозени? Не, не се сите курви за ситна пара, неверојатно за вас, но некои имаат и грам идеологија, иако денеска е небитна, бидејќи ако имаме закон, правда и систем, иделогијата сама по себе ќе се самоспроведеше, а не да се вуцараме по мрежи и улици. Шарки, рушевте режим? ОК, го срушивте, сега треба да се руши криминалот, се слагате? Па, секако дека не, оти ви го загрозува чорбичето за пеевче. Затоа опозицијата е повикана, затоа се занимавате само со неа.

Опозизција мора да ја гледаме секаде… и каде треба и каде не, за жал, сеуште боледуваат од елитизам (или цвикаат), па се појавувааат само на сигурен терен и исто како и позицијата, одат само на ним, лично, подобни медиуми. Комплимент за мене, но лошо за нив. Нејсе.

Демократијата во нашава земја зависи од делувањето на опозицијата, не се важни резултатите, важно е да се делува, дали ќе има 20 или 20.000 на улици потполно е:

н е б и т н о!

Чуда

А, во земјава имаме само во нашиов град три чуда – самозапалувачки и ничим изазвани жаришта каде гори смет… абе да не ти се верува. Остај тоа, две хистерични и во хонконшки стил нови ДУП-ови кои ќе не ДУП-ат доживотно за абнормално натискани градби во Кисела Вода и во Ѓорче Петров, но секако, сопствениците на имотите ќе ја тужат опозицијата, си имаат имоти и од тоа ќе си станат идни мини тајкунчиња со станчиња, зградичиња… нивно право но, наше право како граѓани исто како и на опозицијата е да се бориме потив такво пренаселено, претурпано решение.

А, ви сметаа спомениците!?!?

И сега, каде е револуцијата? Се оптегна каишот за две копчиња повеќе, набрекна шќембето, намириса дупето паричка и разваљуј. Се’ што е кажано како опзиција – не важи – сега пара е битна! И ќе им помине, се’ ќе се гради, но кога канцерогените заболувања ќе косат кај доенчиња, а најчесто ќе бидат токму тука по долината на цементарницата, да си имам, еве едно мало попишание дека разумот и моралот ми работеле, кажав, ништо не сменив, но морам како човек кој има совест да изреагирам. Што се мене тиче – Сркајте жива и олови, ваша грижа не е моја, големи сте и знате какви срања носи. Навалете, станови за јевтиноча, картониски преградни ѕидови и хилта офанзива за новоселените наредните 20 години… здраво потомство на аморфни андрогени на двата краја на градов.

Само у оваа вукојебина

…се занимава јавноста со опозицијата, само овде од цел свет, секоја шуша се занимава со било што одошто со власта. Кој ги троши, нашите, вашите пари? Власт или опозиција? Тогаш, кого треба да го таргетираме? Со кого да се занимаваме? Сакате правен систем, сакате коректна власт, сакате исправање неправди – знаете и сами дека кога си на власт тоа е најтешко – се знае кој треба да застане со оние кои протестираат за изгубена работа, откуп на грозје, тутун, високи цени на животните трошоци… но, ние имаме куп партии кои се занимаваат само и исклучиво со опозицијата. Само во оваа вукојебина.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес