Каде е народот?

Да живееш во време на апсурд само по себе е како да газиш по скршено стакло вжештено на жар. Непријатно, заебано и боли, но сама по себе ситуацијата изгледа како надреалистички перфораманс. Ништо што го имаме како перцепција за нормален живот повеќе не важи. Чекајте, само првиот миг на некаково „олабавување“ какви гнасотии и перверзии ќе проголтаме, оти во мигот ќе ни се видат подобри одошто оваа „улавост“.

Ми напиша некој дека она што на ДПМНЕ му се случува е оправдано, оти не бил со народот, му свртел грб на народот. И по моја инерција првата реченица во емисија ми беше (откако ја пуштив „We are living in America“ од Рамштајн), a КАДЕ Е НАРОДОТ?

Телефоните се запалија до топење, возбудата и бројот на коментари просто не можеа да се добројат, јавувачите со емоции, силни како тинејџерка-спонзоруша кога ќе добие Ајфон Икс. Посочување кој бил крив, зошто бил крив, немало кој со народот, елеците биле добри, меѓународната била лоша, сакале да ја уништат земјата, народот … чуена реторика на безидејни и уплаешени луѓе кои го мелат истото со години.

Бидеејќи јас сум луд, ама не сум глуп, а покрај моите керефеки прашањата ми се плитки и праволиниски. За влакно избегнав да бидам јавно личнуван оти сум прашал воопшто!!!

Мислам дека службите феноменално не’ работат без „харм редакшн“ да се обидат да ни напрваат. Едноставно, целта ги оправдува средствата. Најточното однесување на народот е и првото и инстиктивното. Сфати дека загуби голема битка, а после голема загуба или јуришаш како абдал со глава во ѕид и гинеш и мислиш дека славно си ошол јабана или се повлекуваш, регрупираш и кога веќе немаш ама никаква контрола над ситуацијата најдобро е да обзервираш и наоѓаш нови начини за делување.

Ми се чини дека освен изборите, друг начин за делување кај нас е крајно оневозможен. Митинзи и улица е само за некои новинари и политичари кои никој одамна не ги игра, а за кои сега некои викаат дека се единствената алтернатива и дека народов после се не смеел да гласа за сдсм и вмро. Јас, пак, со ризик дабидам прогласен и за предавник, свињадебал и слиниот вокабулар кој е потполно ист и кај шарените и кај небањатите, полека еволуира во мене една мисла, едно далиевско јајце, кое сеуште е аморфно и недооформено, дека овие толку озлогласени партии се и тоа како најдоброто нешто за Македонија. Само малку ако гребнам под реториката на дежурните моралисти и бранители на „нејмот и ајдентити“ ми се создава ежење на кожата.

Да и малку вредеа како луѓе, организација и да им тежеше зборот, досега и тоа како меѓународноста ќе играше со нив, а не игра, а да не се заебаваме, без меѓународна никој не доаѓа на власт. Она што они ќе кажат – меѓународната и тоа како делува врз народ. Да, за референдумот удривте контра, но и тоа го дампираа и сега сотануваме сите во чудо – ако гласот на народот не вреди – што останува? И покрај се’, и покрај сите негодувања, народот ќе се приклони кон оној кој е миленик и има надворешна подршка од Русија, Америка, Европа, Кина…

Прашањето беше каде е народот, и после скоро два часа дебата во мојата емисија и спремна за пуштање „Nothing Еlse Мatter“ од Металика, им реков, драги моои простете, прашањето ми беше многу плитко без керефеки и намера да биде тема, едноставно. На прашањето каде е народот – тој е во маркети, продавници, шопинг центри, место за паркинг нема, у кафана не може да се најде слободна маса и резервира за нова година, а кликни јади наскоро ќе станат богати како Амазон и Али Баба, па вие видете. Народот делува со вртење глава и индиферентно, престанете да го осудувате дека не чинел, он регаира како што реагирал и во уште потешки времиња, кога не знае и не може да делува надворешно – се врти кон својата основна клетка – себе, своето семејство и најблиските затоа што ако во будалесто УРААА го загуби и тоа е тогаш е вистински КРАЈ. Се додека децата,  блиските, ни се живи  и здрави и им се посветуваме со љубов – има шанса за нас.

Патетично е писаниево, се согласувам, да ти се поврати, арно ама состојбата е како роман, и тоа евтин иако нам ни личи на „Оркански Висови“.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.