Каде е светскиот рај за инвеститорите во 2014-та?

Најатрактивните пазари за меѓународни вложувања во 2014-та година ќе бидат Бразил, Кина и Индија, по кои следат Обединетите Арапски Емирати, Катар и Чиле.

Растот на трговијата, поголемиот профит и големината на пазарите се клучна причина поради која што генералните директори ги насочуваат инвестициите на компаниите кон овие пазари.

Субвенциите и даночните олеснувања се само делумно релевантни за нивните одлуки. Корупцијата, криминалот и политичката нестабилност се најголемите бариери за директни странски инвестиции.

Ова се главните резултати од глобалната анкета за вложувањата на 49 пазари во земјите во развој и на одбрани гранични пазари, спроведена од страна на компанијата „Педерсен енд Партнерс“, која што го опфатила мислењето на 480 генерални директори во 51 земја. Повеќе од 30 отсто од учесниците во анкетата се генерални директори на меѓународни корпорации со повеќе од 5.000 вработени.

Јужна Америка, Блискиот исток и Азија во подем

Гледано од глобална перспектива, земјите во Јужна Африка, на Блискиот исток и во Азија стануваат се’ поатрактивни, додека малку е веројатно дека земјите од источна Европа и Азија ќе бидат цел на странските инвеститори во следната година. Но, дури и во регионите со голема несигурност, корупција и политичка нестабилност, како што е Африка, некои земји пружаат поволни услови за вложување. Додека поради политичките превирања на поголемите меѓународни корпорации си заминале од Египет, многу компании ги разгледуваат можностите за инвестирање во Јужна Африка.

„Додека очекуваниот раст на деловните активности ги привлекува компаниите на пазарите на земјите во развој, владите со своите потези, може да ги декласира инвеститорите од тие пазари“, вели Пол Педерсен, главен партнер во компанијата „Педерсен енд партнерс“.

Клучната улога, според него, треба да биде обезбедувањето на поволно деловно окружување за вложување.

„Според резултатите од истражувањето, стабилното политичко и право окружување, отсуството на корупција и криминал како и намалување на бројот на непотребни правила и процедури се од далеку поголемо значење за компаниите одошто намалување на даноците“, рекол Педерсен.

Македонија и можностите за инвестирање

Македонија, преку владините политики, во изминатите години, станува се’ поатрактивна дестинација за странските инвестиции, а како резултат на тоа се отворените фабрики во индустриските зони.

Благодарение на владините роуд шоуа, бизнисмени, директори на компании и менаџери, успеаја да добијат целосна слика за низата можности како и владина поддршка за странските инвеститори во нашата земја.

Политиката на рамни даноци, поедноставените процедури за отворање на фирма и водење на бизнис, евтината квалификувана работна сила, можност за купување земјиште по поволни услови, целосна владина поддршка се само дел од можностите кои Македонија им ги нуди на странските инвеститори. Дека навистина странските инвеститори ги уживаат придобивките од можностите за инвестирање во земјава сведочат и одлуките на менаџментот на „Џонсон мети“, „Џонсон Контрол“, „Ван хол“, „Кромберг и Шуберт“, „Продис“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.