Каде и како завршиле парите наменети за реконструкција на битолскиот затвор?

Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чувствителна институција, а тоа е битолскиот затвор Драган Крајовски. Само пред две и пол години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција. Се во затворот се распаѓа. Се, се распаѓа, истакна денеска на прес-конференција Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конверенцијата на Мавровски:

Ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност.

Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсмовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара.

Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чувствителна институција, а тоа е битолскиот затвор Драган Крајовски.

Само пред две и пол години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција.

Се во затворот се распаѓа. Се, се распаѓа.

Потрошени се милион евра, од кои 750 илјади евра се директни европски пари, а остатокот, наши – пари на граѓаните.

Шефот на одделението за економски работи при делегацијата на Европската унија, кој што беше на отворањето на “реновираниот” објект, сигурно би останал во чудо, дека и покрај вложените пари условите во битолскиот затвор не се подобрени и дека реченицата од неговата изјава во односната прилика, цитирам: „Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е“, завршен цитат, останала веројатно неразбрана.

Почитувани, прашуваме каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на затворот, дали едноставно само завршиле во приватни џебови, па така квалитетот на изведбата паднал во последен план.

Ја користиме, исто така, приликата да ги повикаме релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат, како се потрошени толкав износ пари, повторувам еден милион евра, а само по две и пол години затворот да биде повторно распаднато, рече Мавровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.