Каде ќе отпатувате со ѕвездите во 2014?

За сите оние коишто барем повремено проверуваат што има запишано во ѕвездите за нив, им препорачуваме дестинација за патување во 2014 година според хороскопскиот знак.

Овен
На овните им е потребна дестинација што ќе им пружи некаков предизвик и нема да дозволи да им стане здодевно. Исто така, тие мора да се постојано опкружени со луѓе и случувања. Според тоа, идеалната дестинација за нив е грчкиот остров Закинтос.

Бик
Луѓето родени во знакот на бик се динамични и на моменти премногу чувствителни. Идеалното патување коешто ќе ги смири, а во исто време ќе направи да им биде забавно се викендите во планинско одморалиште.

Близнаци
Близнаците сакаат одмори кои не се премногу планирани и патувања во кои можат да држат најголем дел од конците во свои раце. Затоа, за нив препорачуваме летен одмор на Халкидики, како прекрасна дестинација до која можат да стигнат и со свој превоз, без да зависат од никој друг.

Рак
Раковите се водени знаци и природно се привлечени од прекрасните плажи. Нивната емотивност бара место со убави пејзажи, па затоа им ги препорачуваме Скијатос и Лефкада како можни дестинации.

Лав
И покрај тоа што лавовите имаат навика агресивно да се справуваат со сите што не се согласуваат со нив, длабоко во сржта, како огнени знаци, тие обожаваат да бидат вљубени и да поминуваат време со своите партнери, на место што ќе ги возбуди. Ним им го препорачуваме Амстердам.

Девица
Девиците се претерано амбициозни и мотивирани. Секогаш сакаат да направат колку што е можно повеќе за најкраткото можно време. Но, одморот е нивната шанса вистински да се опуштат од работните обврски за да не прегорат. Затоа, ним им го препорачуваме Сарти, како одлична дестинација за целосно опуштање.

Iguana-Tours

Вага
Луѓето родени во знакот на вага се раздвижени, енергични и секогаш во потрага по добра забава. Сакаат да шетаат и да уживаат во своите патувања. Затоа им препорачуваме да отпатуваат на викенд во Амстердам или пак на одмор на Закинтос.

Скорпија
Луѓето родени во знакот на скорпија се полни со страст и секогаш кога ќе отпатуваат некаде сакаат сѐ што гледаат да им биде лично игралиште. Ќе го превртат секој камен и ќе погледнат зад секоја ограда. За нив одлични дестинации се: Истанбул, Прага и Венеција.

Стрелец
Оние коишто се родени во знакот на стрелец сакаат авантури и убава уметност, па според тоа, се чини дека идеалната дестинација за патување во 2014 е Милано.

Јарец
Јарците оваа година треба да заминат на патувањето кое го планираат веќе со години, но никогаш не заминале бидејќи било премногу далеку или премногу скапо или премногу… Ова е ваша година и затоа одберете дестинација и едноставно уживајте! Ние ви ја препорачуваме прекрасната Лефкада.

Водолија
Водолиите сакаат места со активен живот, по можност блиску до вода. Ако одите на викенд, тргнете кон Амстердам, а доколку размислувате за одмор, тогаш Закинтос е вистинската дестинација за вас.

Риби
Емоциите на рибите најмногу се будат кога ќе дојдат во контакт со грандиозни културни обележја, иако тоа никогаш нема да го признаат. Дестинацијата за нив дефинитивно е Милано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.