Кадетките изборија бод против Шведска!

Македонската женска кадетска репрезентација го запиша првото реми на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

Нашите ракометарки одиграа неверојатен натпревар против Шведска, кој заврши со резултат 20-20, кога Дукоска погоди во последните секунди од мечот.

Со ваков исход на настаните, Македонија против Исланд ќе брка место во четврт финалето на ова Светско првенство.

Фото – Мак Спорт