Кадетките се во полуфинале по драматична победа над Финска

Младата македонска женска ракометна репрезентација до 17 години обезбеди полуфинале на ЕХФ-шампионатот во Клаипеда (Литванија) после драматичната победа со 21-20 против Финска за да го освои второто место во својата група и да се најде меѓу најдобрите четири.

Откако младите ракометари со триумфот во Полска стигнаа до полуфинале, сега и младинките обезбедија место во самата завршница на ЕХФ-шампионатот и тоа во самата завршницата, кога на 20-20 успеавме да се одбраниме, а потоа со гол да стигнеме до триумфот.

Македонија ги победи Литванија, Косово и сега Финска за да заврши како втора, а загуби само од Шпанија и со второто место сега ќе се сретне со Полска, која во групата Б беше првопласирана.

Ризоска со шест гола беше најефикасна, а Дукоска даде пет во триумфот, Гронмарк и Фоли со по четири беа најефикасни кај Финска.