Кадетките во третиот барабан за ждрепката за СП

Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години, ќе биде домаќин на Светското првенство што ќе се одржи во јули, а шансите за што подобро претставување ги основа на поволниот статус во ждрепката која треба да се одржи во мај. Нашите кадетки ќе бидат извлечени од третиот шешир, во кој се уште и Хрватска, Јапонија и Казахстан.

Носители се репрезентациите на Шведска, Русија, Данска и Португалија, додека од втората група ќе бидат селектирани Црна Гора, Романија, Норвешка и Кореја.

Не се познати само уште трите учесници кои треба да ги исфилтрираат Пан-американските игри и токму најдобриот меѓу нив ќе биде дел во четвртиот квалитетивен шешир, заедно со Унгарија, со Германија и со Франција. Во петтиот и во шестиот шешир се сместени, релативно, послаби репрезентации со кои нашата селекција би требало да биде фаворит.

Мундијалот ќе се одржи од 20 јули до 3 август, а градови домаќини се Скопје, Струмица и Охрид. Две групи ќе се играат во Охрид, по една во Скопје и во Струмица, а елиминациската фаза ќе се случува само во салата „Билјанини извори“.

ШЕШИР 1: Шведска, Русија, Данска, Португалија.

ШЕШИР 2: Црна Гора, Романија, Норвешка, Кореја.

ШЕШИР 3: МАКЕДОНИЈА, Хрватска, Јапонија, Казахстан.

ШЕШИР 4: Унгарија, Германија, Пан-Америка 1, Франција.

ШЕШИР 5: Ангола, Узбекистан, Пан-Америка 2, Тунис.

ШЕШИР 6: Пан-Америка 3, Кина, Конго, Холандија.