Кадиеска-Воиновиќ: 60 отсто од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како толкав јавен долг со некредибилни политики

Во Утрински брифинг денеска гостуваше поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска-Воиновиќ, која што говореше за глобалните финансиски текови, растот на задолженоста, и за врската меѓу кредибилните политики и економските текови во земјава.

Во однос на тоа посочи дека реакцијата на власта во економска криза е најважна, како и кредибилните политики кои треба да се во насока да создаадат позитивни ефекти во економијата, но и ги критикуваше одливите од буџетот по однос на нетродуктивни трошења.

„Во првата година од осамостојувањето имаме 11% пад на БДП, во втората година имаме 13.7% пад на БДП, во ситуација кога сме имале нула девизни резерви, она што е важно е како се справуваат креаторите на економските политики со шоковите. Истото важеше и за 2001 година за време на интерниот воен конфликт, за 2009 година во време на глобалната финансиска криза и за должничката криза во Евро Зоната во 2012 година која имаше негативни ефекти врз банкарскиот сектор. Значи битна е релацијата шок- реакцијата на власта – ефекти, ефектите кои ќе произлезат од тие политики се најважни“,  анализираше Кадиеска-Воиновиќ.

Поранешната вицегувернерка вели дека 60 отсто од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како 60% од БДП јавен долг со некредибилни политики.

Таа објасни дека потребна е добра координација помеѓу централната банка и фискалната политика. Центарлната банка може да и помогне на економијата повеќе, да има експанзивен карактер и понатаму, ама за тоа треба кредибилна фискална политика.

-Годинава за невладини организации од буџетот се имаат потрошено 50 милиони евра, а наспроти тоа велиме дека немаме пари му обезбедиме на населението да се купат 40.000 лаптопи, како и да се обезбеди бесплатен интернет, што го направија многу држави, посочи Кадиеска-Воиновиќ.

Кадиеска –Војновиќ објасни дека земјава само до првиот квартал имала буџетски дефицит од 120 милиони евра, највеќе креиран од трансфери кои не се лоцирани, тоа се непродуктивни трошења, вели Кадиеска-Воиновиќ.