Кадиевска Војновиќ: Една од причините за протестот на 18-ти јуни е економијата, оваа влада е најлоша во справување со кризи и го направи Буџетот „дупка без дно“

На 18-ти јуни е најавен голем протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем една од причините е економијата. Покрај многубројните причини затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залага за предвремени парламентарни избори има многу економски аргументи. Избори ни требаат затоа што оваа влада е една од најлошите влади во справување со економските кризи, изјави член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ за „Бизнис Плус“ на МРТ.

Истакна дека ако се има успешна влада со успешни мерки и навремени, тогаш граѓаните помалку ќе ги чувствуваат кризите, но констатирапе дека во Македонија сега нема успешна влада и затоа мерките се задоцнети, како и дека следствено е дека народот ќе ги чувствува тешките економски последици.

„Оваа Влада го направи Буџетот како дупка без дно. Државава оствари пад на бруто домашниот произвдо (БДП) од 6,1 отсто во 2020 година што е второ најниско остварување. Она што нѐ плаши дека оваа Влада само за 2020 и 2021 акумулира долг од 1,6 милијарди евра и тоа огромна сума, а со 2022 за три години тоа ќе биде 2,3 милијарди евра долг. И не се знае каде се парите“, рече Кадиевска Војновиќ.

Укажа дека ВМРО-ДПМНЕ постојано алармира, дава предлози, но дека Владата не само што не ги прифаќа предлозите, туку нема капацитет однапред да ги следи економските ситуации и затоа трпат и граѓаните и државата.

„ВМРО-ДПМНЕ во континуитет навестуваше дека ни следи период на инфлација. Но власта тоа што не го гледа навремено е да ги види економските бури што доаѓаат. Инфлацијата во Македонија започна уште со зголемувањето на електричната енергија за 7 отсто во 2020 година и се разгори во средината на 2021 година. Тогаш власта кажуваше дека се е под контрола. Ако признаеја тогаш можеби навремено ќе реагираа“, рече Кадиевска Војновиќ.

Посочи и дека власта не ја послуша ВМРО-ДПМНЕ да се замрзнат цените на прехранбените производи и истата мерка ја донесоа доцна кога веќе растот на цените беше огромен, наместо да ја донесоа навреме за да нема ценовен шок.

„Ние први повикавме на ДДВ-то на храната да го намалат на нула. Први повикавме да се намалат акцизите. Ние како опозиција имавме мерки и им ги укажувавме. Ние први алармиравме за стоковите резерви и уште не знаеме дали владата ги наполни резервите. Знаеме дека најголеми извозници на пченка и пченица се Украина и Русија и дали владата се спремила за тоа, колку хектари субвенционираше? Не се реагира навремено“, потенцираше Кадиевска Војновиќ