Повеќе од 260 припадници на морнаричката пешадија на украинските вооружени сили во јужниот пристанишен град Мариупол, објави на социјалните мрежи чеченскиот челник Рамзан Кадиров.
„Двесте шеест иседум маринци од 503-то баталјон (во составот на 36-от поморски пешадиски полк) во Мариупол им се предадоа во понеделникот на руските вооружени сили. Тоа е многу коректен и свесен избор!“, објави на Telegram Кадиров кој во Украина ги води чеченските единици придружени на руската војска.
Чеченскиот лидер истакна дека руската армија не војува со цивилното анселени и ја повика целата украинска војска да премине на „исправната страна“ и „заедно со руската војска да го воспостави редот во земјата за мирен живот на многустрадалниот украински народ“. Кадиров додаде дека украинскиет војници кои се предале се „целосно безбедни“.
Во понеделникот вечерта Москва ги повика припадниците на украинската војска, борците од паравоените десничарски формации и странските платеници кои се останати во Мариупол да го положат оружјето, и нивните животи ќе бидат поштедени. За таа цел, руската страна предлага да се спроведе специјална хуманитарна операција во вторник.
„… Единиците на вооружените сили на Украина, баталјони за територијална одбрана за спасување на цивили и странски платеници од 06:00 часот (московско време) на 5-ти април 2022 година, да ги прекинат воените дејствија, да го оставаат оружјето и да заминат по рутата договорена со украинската страна во насока на Запорожје кон териториите контролирани од Киев“, порачаа од Москва.