Кафето спречува развој на рак, открија научниците

Луѓето кои конзумирале кафе умерено имале 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.

Умерената консумација на кафе го намалува ризикот од развој на рак на црниот дроб, покажа британска студија. Научниците од Универзитетот во Единбург и Универзитетот во Саутемптон ги проучувале медицинските податоци на речиси половина милион здрави луѓе и заклучиле дека „пиењето секаков вид кафе го намалува ризикот од развој на хронични заболувања на црниот дроб“.

Оливер Кенеди, главен автор на студија чии резултати беа објавени во списанието BioMedCentral, вели дека кафето може да биде „потенцијално средство за спречување на хронични заболувања на црниот дроб“.

Луѓето кои конзумирале кафе умерено имале 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.

Но, научниците истакнуваат дека и во овој случај, клучна е умереноста.

Истражувањето на тимот на Кенеди сугерира дека најголемата корист за црниот дроб е кога поединецот конзумира три до четири шолји кафе дневно.

Тие дошле до тој заклучок со проучување на медицинските податоци сочувани со децении од луѓе со познати навики за конзумирање или не конзумирање кафе, што го споредуваат со развојот на хронични заболувања на црниот дроб.