Кај амбасада на САД во Сараево уапсен вооружен осудуван терорист

Сараевската полиција го уапсила поради недозволено поседува големо количество оружjе Емин Хоџиќ, државјанин на Босна и Херцеговина кој се борел на страната на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава поради што претходно бил осуден на затворска казна, пренесува во четвртокот дневниот весник Dnevni avaz.

Повикувајќи се на сопствени извори од полицијата, весникот наведува дека 25-годишниот Емин Хоџиќ бил уапсен во средата на автобуската станица во Сараево речиси случајно во текот на вообичаена полициска проверка. Во багажникот на наговиот автомобил пронајдени биле две автоматски пушки и 15 рамки за муниција, од кои дури осум биле наполнети со куршуми и подготвени за користење.

Потоа следел детален преглед на возилото при што полицајците биле запрепастени од пронајденото. Хоџиќ во автомобилот криел и рачен фрлач „Зоља“, три рачни бомби, експлозивна направа, острач за ножеви и два заштитни елека.

Главната автобуска станица каде што бил запрен до заби вооружениот Хоџиќ е во непосредна близина на амбасадата на САД.

Од министерството за внатрешни работи на Сараевска жупанија потврдиле дека Хоџиќ е во притвор поради кривичното дело недозволено поседување оружје или експлозивни материи, но се наведува дека се спроведува истрага којашто треба да утврди дали евентуално планира, дали имал соучесници и за што требало да биде употребено пронајденото оружје.

Во март 2016 година Хоџиќ е осуден на една година затвор откако бил прогласен за виновен за незаконско придружување на странски паравоени организации. Толку блага казна му била изречена бидејќи ја признал вината.

Во текот на судењето било потврдено дека во текот на 2013 година престојувал во Сирија каде што отпатувал преку Истанбул и таму се борел во редовите на џихадистичката Исламска држава.

Хоџиќ е оженет со државјанка на Србија којашто е протерена од БиХ и ѝ е забранет влегувањето во оваа земја во период од пет години, бидејќи е оценето дека претставува закана за националната безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.