Кај џихадистите во Сирија најдени гранати од швајцарско производство

Гранати од швајцарско производство се најдени во Сирија кај припадниците на ултрарадикалната сунитска организација, кои можеби се произведени во RUAG и се дел од пратката оружје за Обединетите Арапски Емирати, се истакнува во соопштението од неделата на швајцарската воено-технолошка компанија RUAG.

Соопштението на компанијата RUAG е објавено како одговор на написот објавен претходно во неделата во швајцарскиот весник Sonntagsblick. Весникот спровел истражување засновано на фотографии од рачни гранати, за кои се претпоставувало дека се од швајцарско производство. Според весникот, ваквото оружје било запленето во покраината Идлиб кај припадници на групацијата Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра, односно сириското крило на Ал Каеда. Sonntagsblick барал експертиза од воени стручњаци, кои утврдиле дека на фотографиите се гранати од швајцарско производство од типот OHG92 и HG85.

„Рачните гранати можеби се произведени во RUAG, а исто така можеби биле дел од испораката на оружје која била доставена во ОАЕ во 2003/2004 година и можеби од таму биле пренесени во Сирија. RUAG го осудува фактот што купувачот ги предал рачните гранати (на трети лица), што претставува кршење на законите и нивните обврски“, се истакнува во соопштението на швајцарската компанија.

Од компанијата, исто така, истакнуват дека засега точно не може да се утврди дали конкретните гранати се нејзино производство, бидејќи на фоторгафиите не се забележува серискиот број. Нагласуваат дека од 2004 година тие не извршиле испорака на рачни гранати во некоја од арапските земји.

Весникот ја изнесува претпоставката дека гранатите биле дел од пратката швацарско оружје во ОАЕ во 2003 и 2004 година, по што Абу Даби кршејќи ги законите за реекспорт, ги препродал во Јордан од каде тие во 2012 година се нашле во Сирија. Како што се истакнува во написот, и сега Швајцарија продолжува со испораки на оружје во ОАЕ, и покрај тоа што Државниот секретаријат за економија претпоставува дека швајцарско оружје се користи во војната во Јемен.

Во првата половина од 2018 година Швајцарија продала оружје или муниција во износ од речиси 10 милиони американски долари.