Кај кумановец пронајдени 38 насади марихуана

Триесет и осум насади марихуана се пронајдени и одземени од педесет и осумгодишниот Л.Т. од Куманово.

По претходно добиено оперативно сознание дека пријавениот одгледува насади марихуана, вчера, извршен е претрес во дом и други простории во село Шупли Камен, кумановско, на имот сопственост на пријавениот, при што се пронајдени и одземени насадите.