Каj малолетник и маж во охридско најден кокаин

Седумнаестгодишник и негов двојно повозрасен соселанец од село во охридско заработија кривчна пријава, откако на почетокот од февруари кај нив се открени извесни количества кокаин, кој имале намера да го распространуваат, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(34) од Струга и Д.Л.(17) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 03.02.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое бил и второпријавениот како сопатник, пронашле и одзеле кокаин.