Кај охриѓанец пронајдени 2.500 семиња за марихуана

Педесетгодишниот А.Н. од Охрид доби кривична пријава бидејќи кај него биле пронајдени околу 2.500 семиња за канабис и околу 30 грама марихуана.

Пронајдената марихуана е дел од поголемата количина што пријавениот А.Н. неодамна ја набавил заради натамошна продажба на наркозависници но и за лична употреба.

На А.Н. одредена му е мерка одземање на патна исправа и повремено јавување во основниот суд во Охрид.