Кај охриѓанец пронајдени речиси 90 грама марихуана

Охридската полиција најде речиси 90 грама марихуана кај дваесет и тригодишниот Д.Д.

При личниот претрес кај него била пронајдена една паковка со марихуана, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени уште 88,99 грама марихуана, како и рачно изработена цигара со 0,16 грама мешавина од тутун и марихуана.

Против него е поднесена соодветна кривична пријава.