Кај Пешкопеја запленети над 350 килограми марихуана

Како што јави дописникот на МИА, дрогата е откриена во внатрешноста на еден тунел, спакувана во повеќе вреќи подготвени за транспорт.

Полицијата запленила и оржје, а во тек е истрага за идентификација на „сопствениците“ на дрогата.

Во акција на грчката полиција, пак, кај градот Јанина запленети се 230 килограми албанска марихуана.

Дрогата ја шверцувале четворица грчки државјани, од кои едниот со албанско потекло, кои се уапсени. Две од уапсените се жени на возраст од 25 и 54 годни, останати двајца се мажи на возраст од 22 и 25 години.

Според нивните изјави, дрогата требало да ја транспортираат до Атина, каде требало да ја превземе албански државјанин.