Кај светиниколско Ѓуриште пронајдени човечки коски

На 13.08.2014 година, извршен е увид во близина на излетничкото место Ѓуриште, кај место викано Осогово кадешто претходниот ден лице од Свети Николе пронашол две човечки коски, при што закопани во земја пронајдени се повеќе човечки коски и влакна за кои од страна на доктор е констатирано дека претставуваат дел од човечки скелет.

Пронајдените коски се предадени на Инсистутот за судска медицина на понатамошна постапка, а ПС Свети Николе превзема мерки за утврдување на идентитетот на лицето и документирање на случајот.